Македонски вицове 68
Цветко се јавува во водовод:
– Ало, водовод ли е тоа?
– Да?
– Од чешмата тече вода!
– Е вие што очекувавте?
– Епа, како што ја гледам сметкава, очекував Heineken.
–-
Двајца браќа живееле во едно село 20км близу до еден океан. Еден ден отишле до океанот, убиле еден морж, го фатиле за опашката и започнале да го влечат кон селото. Двата заба на моржот заглавиле во земјата а тоа им ја отежнало работата. Кога изминале половина пат, веќе изморени и истоштени, ги сетнал еден бел човек и им рекол:
– Зошто сте толку глупави. Фатете го за забите и така ќе ви биде полесно.
Така и направиле, кога поминало извесно растојание едниот брат рекол.
– Виде ли, бел човек, паметен човек. Вака е многу лесно за влечење!
А другиот налутено одговорил:
– Бел човек, глупав човек! Види, пак стигнавме до океанот!
––
Трпе го прашува татко му:
– Tато што е разликата помеѓу бесплатно и џабе?
– Tи учиш бесплатно, ама за џабе.
––
Дечко праќа порака на девојката:
Наутро не јадам, мислам на тебе! Попладне не јадам, мислам на тебе! Навечер не јадам, мислам на тебе! На полноќ не спијам, гладен сум!
––
Трпана со другарка и се возат во автобус за Охрид. И Трпана раскажува:
– Вчера се испраќавме со Трпе, лелее што ми правеше, ме фаќаше за цицки, ме лижеше по цело тело, па ми го милуваше газето, и после кога почна со прстот, аааау што ми правеше…
И тогаш од последниот ред на автобуст:
– А бе те је*ал он или не, сум требал уште у Тетова да се симнам!!!
Ало, праймтайма ли е?
1 април – Ден на шегата
Как да четем обявите за запознанства в интернет