Македонски вицове 67

5 юли 2012

Некоја девојка на село го однела бикот на парење со крава од некоја од соседните куќи, и додека бикот и кравата се пареле, девојката и момчето кое што било сопственик на кравата седеле на оградата и ги гледале. По некое време момчето и вели на девојката:
– Кога го гледам вака бикот, просто и мене ми се прави истото.
Девојката се врти и му вели:
– Прави што сакаш, кравата е твоја.

––
Трпе и Трпана јако се караат и Трпана му се дере:
– Кажи уште еден збор и одма се враќам кај мајка ми!
– Такси!

––
Жените во 1970: Сакај ме, но не ме допирај!
Жените во 1980: Допирај ме, но не ме бакнувај!
Жените во 1990: Бакнувај ме, но не прави ништо повеќе!
Жените во 2000: Направи нешто повеќе, но не кажувај никому!
Жените во 2010: Прави се, инаку ќе им кажам на сите дека не те бидува за ништо!

––
Трпе и Цветко одат на изложба и едниот му вели на другиот :
– Што мислиш, што е ова на сликава, изгрејсонце или зајдисонце???
– Зајдисонце.
– Како можеш да бидеш сигурен?
– Го познавам сликарот. Тој секогаш спие до пладне.

––
Судијата му вели на обвинениот:
– Господине, должност ви била најдениот паричник веднаш да го однесете во најбилската полициска станица.
– Знам господине судија, но кога го најдов паричникот беше недела и во станицата немаше никого.
– А зошто тоа не го сторивте во понеделникот?
– Па, тогаш во паричникот немаше ништо…






Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)