Македонски вицове 65
Седи дедо во автобус, а до него атрактивна плавуша.
– Госпоѓо, ќе ти дадам 100 евра само да те плеснам по задникот.
Плавушата:
– Старче, што не ќе ти падне на памет! Ама кога подобро ќе размислам… Ајде!
Дедото и ја става раката под фустанчето и започнува да ја гали, гали, гали…
Плавушата:
– Ајде бре, плесни ме веќе еднаш!
– Еее, би те плеснал да имав 100 евра.
––
Наставничката ги прашува децата:
– Деца, зошто сега во Америка е ладно?
Малиот Трпе дига рака и вика:
– Затоа што Колумбо ја открил, а никој не ја покрил.
––
Синот го прашува татка си:
– Тато, што има меѓу нозете на мама?
– Рај, сине!
– А што има помеѓу твоите нозе, тато?
– Клучот за рајот, синко.
На тоа синот одговара:
– Тато, подобро смени ја бравата зашто и комшијата има клуч…
––
Зошто Трпе обожава да ја гледа свадбата од назад кон почетокот?
– Затоа што Трпана тогаш го вади прстенот, се качува во колата и се враќа кај нејзините дома!
––
Полицаец фаќа крадец. Немоќниот крадец го прашува полицаецот:
– Може ли да одам до пекарата, ќе умрам од глад?
– Оди ама веднаш да се вратиш.
Полицаецот го пушта, крадецот бега и не се враќа. Наредниот ден полицаецот го фаќа истиот крадец. Крадецот му вели:
– Ај те молам пушти ме до пекарата, ќе умрам од глад.
– Да бе, не сум јас од вчера, ти седи тука јас ќе одам да ти купам.
Лили Иванова и проф. Вучков
Крадеца на сливи
Типичен мъж