Македонски вицове 51

15 декември 2011

Македонски вицовеНа ѕид во женско ВЦ пишува: Мојот маж ме следи насекаде!
Под истиот натпис: Ма нема врска, не ја следам.

––
Две плавуши се сретнуваат на улица:
– Леле, колку си ослабела! Нова диета?
– Да, моркови, компири, цвекло.
– Ги вариш или ги печеш?
– Ги копам!

––
Двајца студенти прават муабет:
– Ќе одиме на кафе или ќе одиме на предавање?
– Ајде ќе фрламе паричка, ако остане во воздух одиме на предавање.

––
Ја прашуваат бабата:
– Бабо, кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените?
А бабата им одговара:
– Кога ве чеша увото и кога ќе го ставите прстот, кој ужива повеќе, прстот или увото?

––
Си биле Мујо и Хасо и се прашувале како е во рајот. Потоа се договориле кој прв што ќе отиде да му се јави на другиот во сон. И така Хасо прв умрел и му јавил во сон на Мујо после неколку месеци:
– Кај си бе Мујо што правиш?
– Еве ништо, како е таму убаво ли е?
– Абе Мујо тука има се, абе иначе заборавив да ти кажам нешто..
– Што?
– Ме примија во Фудбалската федерација и имам изненадување за тебе.
– Добро де кажи го!
– Во среда имаме натпревар и ти браниш!








Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


in love ;) :writing :whistling :wall :wacko :trumpet :thumbsup :thumbdown :stop :sleepy :shock :pipe :nosweat :matrix :kissing :kiss :hmm :happy :gossip :good luck :flower :flex :crying :coffee :cheers :bye :book :bomb :blush :bg :asd :ahah :-P :-D :) :(