Македонски вицове 80

3 ноември 2013

Македонски вицовеРазговараат две проститутки.
– Вчера на работа ми дојде еден интелектуалец.
– Еј интелектуалец! Како беше?
– Па ништо посебно, се соблече и ми вика ова е пенис…
– Пенис?! Имало и такво нешто?
– Да бе, тоа ти е како к*р само помало!

––
Трпана му вика на Трпе:
– Да те потсетам, денес ни е 10 годишнина од брак, како мислиш да ја одбележиме?
Трпе молчи.
– Не молчи бе! Кажи нешто!
– Ја веќе ја одбележав… со минута молк.

––
Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
– Ти се игра ли?
– ДА!
– Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!

––
Дечко треба да купи поклoн за роденден за својата девојка – плавуша, па ја прашува:
– Што сакаш за роденден?
– Мобилен!
– Може IPhone?
– Да да!
– А 4 или 5?
– Не бе, еден доста е.

––
Отишол Цветко на доктор, и видел дека на вратата пишува: „За услуги првпат се наплаќа 1000 денари, за вторпат – 500 денари“.
Цветкo влегол и рекол:
– Добар ден докторе. Еве, јас пак дојдов.






Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)