Македонски вицове 80
Разговараат две проститутки.
- Вчера на работа ми дојде еден интелектуалец.
- Еј интелектуалец! Како беше?
- Па ништо посебно, се соблече и ми вика ова е пенис…
- Пенис?! Имало и такво нешто?
- Да бе, тоа ти е како к*р само помало!
––
Трпана му вика на Трпе:
- Да те потсетам, денес ни е 10 годишнина од брак, како мислиш да ја одбележиме?
Трпе молчи.
- Не молчи бе! Кажи нешто!
- Ја веќе ја одбележав… со минута молк.
––
Доаѓа Црногорец до девојка во дискотека и ја прашува:
- Ти се игра ли?
- ДА!
- Епа ајде стани, оди играј, јас да седнам малку!
––
Дечко треба да купи поклoн за роденден за својата девојка – плавуша, па ја прашува:
- Што сакаш за роденден?
- Мобилен!
- Може IPhone?
- Да да!
- А 4 или 5?
- Не бе, еден доста е.
––
Отишол Цветко на доктор, и видел дека на вратата пишува: „За услуги првпат се наплаќа 1000 денари, за вторпат – 500 денари“.
Цветкo влегол и рекол:
- Добар ден докторе. Еве, јас пак дојдов.