Македонски вицове 70
Цветко оди на лекар:
– Докторе, се задушувам, не можам да дишам!
– Пушете ли?
– Пушам, ама не помага.
––
Кој е врвот во комшиска расправија?
– Слушај комши, да не бев јас немаше да имаш деца!
––
Цветко се пушта на девојка и и вика:
– Ти си најубавата, најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено!
А девојкава му враќа:
– Ај бе не лажи, само сакаш да ме легнеш!
А Цветко:
– Опаа, дури и паметна си!
––
Трпана оди на ветеринар и докторот и вика:
– Госпоѓо, грешка сте, јас сум ветеринар, лекувам животни… Вие треба да одите во државна болница.
– Сум погрешила!? Кога се будам наутро изгледам како раскубана кокошка, на пат до работа висам како мајмун по автобусите, во фирмата работам како магаре, мажот навечер ми вели: “дојди, маче” а наутро “станувај, краво”… И вие велите дека јас сум погрешила?!
––
Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало: „Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“
Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот:
– Абе колега, што е тоа сифилис?
А овој му мавнал еден шамар и му рекол:
– Е од такви како тебе сме на трето место.
Танцуващи шимпанзета
What was its name?
Ила сига…!