Македонски вицове 69
Плавуша оди на преглед кај гинеколог.
– Докторе, бремена сум веќе трет месец, а немам стомак…
Докторот:
– Портокали јадете ли?
– Не, а треба ли?
– Треба!
После три месеци плавуша оди пак на преглед.
– Докторе, бремена сум веќе шести месец, а немам стомак…
Докторот:
– Банани јадете ли?
– Не, треба ли?
– Треба!
После три месеци плавушата пак оди на преглед:
– Докторе, треба да родам а немам стомак…
Докторот:
– А односи со партнерот имате ли?
– Не, а треба ли?
––
Жената водела љубов со својот швалер, кога неочекувано се вратил мажот. Мажот збеснал и почнал да го брка швалерот, а овој избегал во паркот. Таму гледа фонтана со статуи од голи мажи. Застанал и тој надевајќи се дека сопругот нема да го забележи. После некое време од статуите се слуша глас:
– Соблечи ги чорапите оти сите ќе не фатат.
––
На час. Учителката ги проверува домашните:
– Петар, зошто немаш домашно?
– Вчера си ја повредив раката.
– Седи, единица. А ти Марике?
– Дедо ми се разболе.
– Седи, единица.
– А ти Tрпе?
– Вчера брат ми се врати од затвор.
– Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.
––
Цветко влегува во продавница и бара 100 грама салама. Продавачката сечи, мери и го прашува дали можи 115 грама.
– Не, реков 100 грама!
Продавачката скусува и пак мери.
– А може ли 105 грама?
– Не, реков 100 грама!
Продавачката повторно скусува малку и мери.
– Можи 97 грама?
– Не бре жено! Реков 100 грама и точка!
Продавачката веќе подизнервирана му вели:
– Ај фати ме за цицка!
– Зошто?
– Така ми е убоо кога некој ме ебава!
––
Се среќаваат Трпе и Цветко после многу години.
– Што има ново? – прашува Цветко.
– Се оженив пред неколку месеци.
– Ајде со среќа нека ти е. Имаш фотографија од жена ти?
– Да, да. Еве види ја.
– Ништо, има и пострашни!
– Молам!?
– Извини, извини, нема пострашни!
Обяви за покупко-продажби (бисери от форумите) – част 10
A pun joke
Свирка