Македонски вицове 66

10 юни 2012

Македонски вицовеБринета прашува плавуша:
– Колку калории можам да согорам, ако пливам цел час во базенот!?
А плавушата врака:
– Глупа жено! Не можeш да гориш работи во вода!

––
Дошол крај на светот и сите луѓе отишле во рајот. Бог им рекол на мажите да се наредат во два реда. Во едниот ред да застанат оние кои биле командувани од жените, а во другиот останатите. Редицата на мажите кои биле командувани од жените била огромна, додека во другата редица имало само еден маж. Бог рекол:
– Засрамете се, имате премногу слаби карактери! Само еден од моите синови бил силен. Само со него се гордеам. Кажи синко, зошто застана во оваа редица.
– Не сум сигурен, плашливо одговорил мажот, жената ми рече да застанам овде.

––
Трпе и Трпана отишле на прошетка во планината. Стигнале до еден бунар. Најпрво Трпе фрлил паричка за желба, а потоа дошла на ред и Трпана. Фрлила паричка и наеднаш паднала во бунарот, и Трпе рекол:
– Аххх овие желби брзо се исполнуваат.

––
На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
– Сакам пушка!
– Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
– Ама, стварно сакам пушка.
– Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
– Ама, јас сепак сакам пушка!
– Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
– Ти Трпано, али кога би имал пушка…

––
Двајца пензионери прават муабет:
– Абе, можеш да имаш секс?
– Да чукнам во дрво, можам.
– Абе и јас можам да чукнам во дрво, ама дали можеш да имаш секс?








Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


in love ;) :writing :whistling :wall :wacko :trumpet :thumbsup :thumbdown :stop :sleepy :shock :pipe :nosweat :matrix :kissing :kiss :hmm :happy :gossip :good luck :flower :flex :crying :coffee :cheers :bye :book :bomb :blush :bg :asd :ahah :-P :-D :) :(