Македонски вицове 47
По прегледот, пациентот гледа дека лекарот е загрижен па прашува:
– Докторе, може ли да ми кажете што ми е?
– Хмм, не знам, не знам…
– Па добро, кога ќе знаете што ми е?
– Па, најверојатно утре, по обдукцијата.
––
Трпе се враќа дома весел.
– Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
– Браво, а на која фирма?
– На Цементара.
––
Трпе водел дневник:
20.10. Цела недела врне дожд – истура. Трпана е тажна, цело време гледа низ прозорецот. Се плашам дека ако потрае вака ќе мора да ја пуштам внатре.
––
Разговараат две плавуши.
– Од каде ти е ова ружно куче?
– Ми остана од претходниот дечко.
– Па да бидам искрена, можеше и да го абортираш.
––
Лежат двајца пијани на грб среде улица и пеат ли пеат. Одеднаш едниот се врти на стомак и почнува нова песна. Другиот го прашува:
– Што направи бе, зошто се сврте и почна нова песна?
– Па, ја свртив касетата од другата страна.
Записки по българските интервюта за работа
Мръсни коли
Вицове 47