Македонски вицове 46

17 октомври 2011

Македонски вицовеЦветко им кажува на своите другари како ги лекува болестите:
– За бубрезите пијам пиво. За варењето – бело вино. За низок притисок – црвено вино. За висок притисок – коњак. Кога сум настинат малку чај со многу рум.
– Па добро бре, пиеш ли ти вода?
– Не, сеуште не сум имал болест која се лечи со вода…

––
Колега го враќа Трпе дома од работа. Застануваат пред куќата, кога Трпе гледа низ прозор како кумот му ја ебе жената. Таман да земе некој стап да ги утепа двајцата, колегава го смирува:
– Абе немој Трпе, сепак ти е кум, немој да избрзаш.
Влегува Трпе дома потсмирен, и му вика на кумот:
– Кај си бе куме, може една ракиичка?
– Може, зошто да не! – збунет кумов.
– Па што има куме, како живот, работиш ли нешто?
– Па, се наоѓа, тук и таму.
– А ебеш ли куме нешто?
– Па и тоа се наоѓа, тук и таму.
– Па иди ТАМУ, пичка ти материна, иди ТАМУ!

––
Трпана се жали на мајка си:
– Мамо, пак се расправавме со Трпе. Ова веќе не се издржува, ќе дојдам да живеаам со тебе.
А мајката одговара:
– Не драга, он мора да плати за своите грешки. Јас ќе дојдам да живеам со вас!

––
Стои Цветко на бензиска пумпа повеќе од 10 часа. На пумпаџијата му се здодеало да го гледа, па му пришол и го прашал:
– Човеку, зошто стоиш тука цел ден?
– Остави ме бре, се одвикнувам од пушење.

––
Инсектите играле кошарка против лавот, жирафата, лисицата, волкот и мечката. Инсектите како бавни и ситни не постигнале ниту еден поен, а големите животни, особено жирафата, само ги прескокнувале и го полнеле кошот на инсектите. На полувреме резултатот бил 80-0. Во второто полувреме во игра кај инсектите влегла стоногалката. Таа успеала целосно да ја сврти играта со кошеви што ги давала качувајќи се со своите силни нозе на главата од жирафата. Натпреварот завршил со победа на инсектите. Додека славеле, тренерот ја прашал стоногалката:
– Ти одлично играш, но што правеше цело прво полувреме?
– Ги врзував патиките – одговорила стоногалката.


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)