Македонски вицове 28
80-годишен старец се оженил со 21-годишна жена. Првата година од бракот жената затруднела и денот на пораѓање, докторот во болница му вели на старецот:
– Честито, татко сте на машко бебе од 4 кг.
– Аха, старата машина уште работи – искоментирал стариот задоволен.
Втората година од бракот мажот и жената се повторно во болница. Докторот му вели:
– Честито, татко сте на женско бебе од 3,5 кг.
– Аха, старата машина уште работи.
Третата година, мажот и жената се пак во болница, а докторот му вели на стариот:
– Епа, ај честито пак. Татко сте на машко бебе од 3,8 кг.
– Ти реков јас дека старата машина уште функционира.
– Функционира стари, ама не е лошо да го провериш уљето… ова бебе е црно.
––
Вашиот хороскоп за 2011 година е:
Здравје – ѕвездите ви се смешкаат.
Работа – ѕвездите ви се смешкаат.
Пријтелство – ѕвездите ви се смешкаат.
Љубов – ѕвездите умираат од смеење.
––
Професор на испит го прашува студентот:
– Кажете ми какви раѓања знаете?
– Предвремено, со задоцнување, неправилно!
– Ве молам подетално!
– Предвремено: – една година пред свадбата. Со задоцнување: три години по смртта на сопругот. Неправилно: кога наместо сопругата раѓа сосетката.
––
Доаѓа една баба кај друга баба и и вика :
– Дај прашај ме како се чуствувам!
– Чекај да ти сварам кафе прво.
Поминуваат 15 минути…
– Дај прашај ме ма како се чуствувам!
– Добро! Како се чуствуваш?!
– Ќути не прашувај!
––
На час по цртање учителот се наведнува над Трпе:
– Што црташ, Трпе?
– Грешницата Марија Магдалена!
– Пред или по гревот?
– За време на гревот!
Как да съблечем ефикасно партньорката си
Даскал Ламби
Моите невероятни таланти