Македонски вицове

9 март 2011

Трпе бира подарок за 8-ми март во една продавница. Продавачката прашува:
– За жена ви е или сакате нешто поскапо?

––
Трпе и Трпана отишле на коктел организиран од фирмата на Трпе. После некое време, Трпана го критикува Трпе:
– Добро бе, нели ти е срам да те гледаат колегите пет пати како се враќаш кај масата со храната?!
– Не бе, зошто срам. Секој пат и кажувам дека го полнам твојот тањир.

––
Мујо и Хасо патуваат на магистрален пат. Мујо вели:
– Ете ја таблата. Заврти сега десно!
– Ааа, не. Јас веќе не верувам на табли! Вчера гледам една табла и на неа пишуваше ЖЕНИ. Влегувам внатре, а таму WC.

––
Предвидуват дека светот ќе пропадне во 2012 год. Ако сакаш да преживееш дојди во Македонија, ние сме 100 години назад.

––
Трпе и Трпана се сексаат и Трпана му вика:
– Абе Трпе, како мобилен си во кревет!
А Трпе понесен од ситуацијата со задоволство и враќа:
– Тоа дека убаво те вибрирам, така?
– Не драги, туку губиш сигнал кога си во тунел.

––
Трпе се фали на другарите:
– Конечно го одвикнав син ми од грицкање нокти!
– Како?
– Му ги скршив забите.


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)