Македонски вицове 44

24 септември 2011

Македонски вицовеЌерката ја прашува мајката:
– Како е да имаш прв секс?
– Па ќерко, тоа ти е исто кога ти се клати заб!
– Е како тоа мамо, не разбирам?
– Па ќерко, чувствуваш болка, а не сакаш да ти го извадат!

––
Татко го испраќа својот син на одмор. Синот за прв пат оди на море. Пристигнале од селото до железничката станица. Таткото го советува својот син:
– Синко, многу да внимаваш таму.
– Зошто, татко?
– Ти не знаеш таму на морето какви можат да бидат жените.
– Какви тате?
– Многу расипани. Ако не внимаваш, ќе донесеш некоја заразна болест дома. Ќе ја заразиш својата жена. Таа ќе ме зарази мене. Јас без да знам ќе ја заразам и мајка ти. А ти знаеш каква е мајка ти, ќе изумре цело село.

––
Јавља се кумановац у радио и вика:
– Ја најде новчаник!
– Добро и што најде у њега?
– Па имаше 1500 евра, 150 000 ден. и лична карта на име Зоран.
– И добро, што сакаш с`г?
– Па, ако може една песна за Зокитаааа!!!

––
Се среќаваат двајца пријатели од кои едниот неодамна се оженил. Неженетиот прашува:
– Каков е семејниот живот?
– Абе остај… забрането ми е да пушам, забрането ми е да пијам, забрането ми е да излегувам…
– Иии… Веќе жалиш што не си ерген?
– И да жалам ми е забрането…

––
Сопругата: Што ќе правиш ако умрам? Ќе се ожениш ли повторно?
Сопругот: Се разбира, не!
Таа: Зошто? Не ти се допаѓа да си женет?
Тој: Ми се допаѓа, се разбира!
Таа: Тогаш зошто нема да се ожениш повторно?
Тој: Добро, ќе се оженам.
Таа: И во нашата куќа ли ќе живеете?
Тој: Зошто да не, убава е нашата куќа.
Таа: И ќе спиете на нашиот кревет?
Тој: А каде на друго место.
Таа: И ќе и дадеш да ја вози мојата кола?
Тој: Се разбира, нова е.
Таа: И ќе ги замениш моите фотографии со нејзини?
Тој: Би било паметно…
Таа: И таа ќе игра со моите палки за голф?
Тој: Не, таа е левичарка…


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)