Македонски вицове
Трпе му вели на синот:
– Сине, не трчај по секоја сукња. Во Шкотска сме.
––
Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
– Имате ли некоја последна желба?
– Да. Ве молам држете ме за рака.
––
Цветко збори на телефон:
– Ало! Здраво! Со кого зборувам?
– Со продавницата за обувки.
– Извинете сум го згрешил бројот.
– Нема проблем, дојдете ќе ги смениме, само носете си ја и фискалната сметка.
––
Некој старец кој никогаш не бил на лекар оди на преглед. Влегува во болницата и застанува на шалтер, а сестрата го прашува:
– Повелете господине.
– Сакам да разговарам со некој лекар.
– А, што е вашиот проблем?
– Нешто не е во ред со мојот к*р.
– Како не ви е срам. Па тука има жени и деца. Требаше да кажете нешто друго, како на пример дека нешто не е во ред со вашиот нос!!!
Стариот засрамен излегол и се вратил наредниот ден. Сестрата пак го прашува:
– Што е проблемот господине?
– Нешто не е во ред со мојот нос.
– Така веќе може. А што во врска со вашиот нос не е во ред?
– Не можам да мочам низ него.
Must help the wife
Що ни доди тука?!?
Password Rejected…