Македонски вицове 82
22 юни 2014, 15:02
Цветко и приоѓа на девојка во кафич:
- Маче што ќе пиеш, ја частам!?
- Едно макиато, кисела вода и фанта.
- Слушај маче ја те прашав што ќе пиеш, а не што ќе пиеш, пиеш, пиеш!
––
Дечко и вика на некоја девојка:
- Ти си како Барбика.
- Фала тишто мислиш дека сум убава и згодна.
- Не, не мислев на тоа! Туку дека си пластична и без мозок.
––
Трпана му вели на Трпе:
- Миличок, пред да се земеме, би сакала да ти ги признаам сите мои гревови.
- Но, нели ми ги призна пред 2 недели?
- Да, ама сега имам нови.
––
По 1 час чепкање по чинијата, малиот Трпе и вели на мајка си:
- Не ја сакам оваа риба.
- Замисли дека е нешто што сакаш и изеди ја – му вели мајка му.
- Ај ти замисли дека сум ја изел и однеси ја чинијата – одговара Tрпe.