Македонски вицове 81
Доаѓа Трпе после работа, легнува на кревет и се жали на Трпана:
– Мртов уморен сум, нозеве не можам да ги мрднам.
А Трпана го погледнува и му враќа:
– Ако судиме по смрдеата, нозете ти умреле пред 3 дена.
––
Седат четири другарки во кафич и едната го прашува келнерот:
– Извини, како е пасвордот за Wi-Fi ?
Келнерот:
– давеебекелнерот.
– Одвоено или…?
– Не! Сите заедно.
––
Една баба продавала јаболка на пазар:
– Ајде јаболка од Чернобил, ајде јаболка од Чернобиил…
Поминува некој човек и и вика:
– Бабо, ти си луда бре, не викај така – кој ќе ти купи радиоактивни јаболка?
А бабата му вели:
– Купуваат синко, купуваат, те свекрва за снаа, те снаа за свекрва…
––
– Трпе, ја гледаш ли Трпана за време на секс во очи?
– Уф, еднаш ја погледнав.
– И…?
– Жива катастрофа!
– Е зошто?
– Баш тогаш влегуваше во спалната.
––
Трпе и Трпана добиваат седмо дете. Трпана се жали:
– Ние мора да сме проколнати…
– Не е тоа работата… тие таблетите изгледа дека треба да ги пиеш ти, а не јас!
Мъдри мисли 14
Понеделнишки
Македонски вицове