Македонски вицове 73
Трпана оди на доктор и му вика:
– Докторе за мојава килажа колку треба да сум висока?
– Па едно 4 ипол метра.
– Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!
––
Се сретнуваат Мујо и Хасо.
– Каде ќе одиш бе Хасо?
– Ќе одам да се сретнам со женската што ја запознав вчера.
– А што си ја земал таа книга со тебе?
– Па ти вчера ми рече: За да успее врската помеѓу двајца, треба да има Хемија помеѓу нив.
––
Трпе се обраќа на келнерот:
– Келнер, ние со сопругата одбележуваме 25 години заеднички живот. Да ни препорачате некое вино?
– Прво кажете ми дали сакате да празнувате или да заборавите!
––
Трпе и вика на Трпана:
– Срце, денес ќе излезеш без пудра на лицето.
– Зошто??!
– Затоа што ќе ми треба лопатата за да го исчистам снегот!
––
– Докторе, смеам ли со ќерка ми да поразговарам за секс?
– А колку години има таа?
– 16.
– Е, тогаш поразговарајте со неа и ќе научете многу работи.
Луда крава
Туристическа дестинация София
We Love Russia 3