Македонски вицове 83
– Рамче, ај на паркет!
– Шо ти текна мори на паркет?!
– Да сетам нешто тврдо!
––
Наставникот:
– Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат… Трпе, кое време е ова?
Трпе:
– Сиромашно време.
––
Разговараат две пријателки:
– Како се твоите деца?
– Добро… Едниот стана дипломиран профеcор, другиот дипломиран доктор, ќерката дипломиран правник, а малиот не заврши ни средно и сега е крадец…
– Какви паметни деца имаш, зошто го чуваш малиот неранимајко? Зошто не го избркаш?
– Само тој носи пари дома. Другите се невработени…
––
Пациент му се жали на докторот:
– Докторе, не можам да спијам.
– Како бре не можеш да спиеш ?
– Така докторе, имам некоја несоница, навечер никако не можам да заспијам.
– Пробај со броење, на пример број од 1 до 10 и назад.
– Ни тоа не помага докторе, пробувам да бројам до 10, и на 8 станувам. Јас сум боксер.
––
Во операциона сала, неколку минути пред да прими анестезија, пациентот го прашува докторот:
– Докторе, успешна ли ќе биде операцијата?
– Не се плашете господине, ова ми е 70ти пат.
– Значи немам гајле?
– Без грижа, еднаш мора да ми успее.
Как да ходим на почивка
Долно подсъзнание
The Zen of Sarcasm