Македонски вицове 62
Наставничката му вели на Трпе:
- Кажи го во сегашно време глаголот оди.
- Јас одам, ти одиш, тој оди…
- Побрзо бе Трпе.
- Јас бегам, ти бегаш, тој бега…
––
Цветко го прашува Трпе:
- Зошто ти е модро окото?
- Трпана ме удри…
- Зошто?
- И се обратив со ТИ!
- И за тоа ли тепаат?
- Тепаат, тепаат… Си лежев јас на креветот, таа ме поттурна и ми вели: „ние одамна не сме имале секс“, а јас и велам: „Не ние, туку ТИ“.
––
Си биле снаа и свекрва и се шетале по пазарот. Свекрвата здогледала некој домати и и рекла на снаата:
- Снао види што убави домати да ги ставиш во уста да не ги извадиш.
Поминале покрај гробишта и снаата на свекрвата и рекла:
- Свекрво види гроб да легнеш да не станеш.
––
Плавуша излегува со новиот дечко. Седат во еден парк, дечкото вади кутија цигари, ги подава кон неа и прашува:
- Цигара?
Плавушата:
- Знам дека е цигара…
––
Му должел Рамче пари на комшијата, ама никако да ги врати. Комшијата му се јавил:
- Рамче, во недела доаѓам по парите, ако не ги дадеш лошо ќе биде!!!
Дошла и неделата, Рамче го гледа комшијата како влегува во дворот, и и вели на Џеврие:
- Ако праша комшијата, јас сум во Италија, кога ќе се вратам ќе му ги вратам парите.
Дошол комшијата, а Џеврие:
- Рамче не е тука, отидуел во Италиа.
- Добро, сега ти ќе го вратиш догот…
Почнал да ја обработува комшијата жена му на Рамче, а тој sирка низ бравата од другата соба и мрмори:
- Ах само да не бев во Италија, ќе видеше тој.