Македонски вицове 61
Девојката му вика на дечкото:
– Што ако сум се лапала со друг, тоа значи дека те варам?
А дечкото и одговара:
– Што ако ти удрам бокс со лева рака, а јас сум деснак, тоа значи дека сум те тепал?
––
Оди крадец во аптека и и вика на аптекарката:
-Дај ми ги сите пари!
Аптекарката му одговара:
-Без рецепта ништо не ти давам
––
Трпана гледа турска серија на една телевизија и едно време му се врти на Трпе:
– Види бе, види, колку ја сака Саваш…
– А ти знаеш ли колку му плаќаат за тоа?
––
Трпе се жали на психијатар:
– Докторе, помагај, живот мој повеќе нема смисла. Жената ме напушти, ќерката и зетот веќе не доаѓаат кај мене, синот не ми обрнува никакво внимание, дури ни пари не ми бара повеќе.
Докторот:
– Море дај ти мене помогни ми, кажи ми како ти успеа сето тоа?
––
Трпе и Трпана седат на тераса. Секој си го пие својот пијалок, Трпе пиво, Трпана сокче.
Трпе:
– Те сакам!
Трпана одговара иронично:
– Тоа го велиш искрено, или од тебе зборува пивото?
Трпе:
– Ова му го велам на… пивото!
30-дневна диета
Новите правила у дома
Македонски вицове 35