Македонски вицове 58
Смртта дошла по Трпе, заѕвонила на врата и Трпе отворил:
– Добар ден, Трпе.
– Добар ден.
– Дојдов по твојата душа!
Трпе се свртел и рекол:
– Трпано, душо, те бара некој човек во црно!
––
Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
– Што пишуваш?
– Љубовно писмо.
– На кого?
– На сам себе.
– И што пишува во него?
– Немам поима, сеуште не сум го добил.
––
Мујо и Хасо остареле и си седеле пред куќата и Мујо му вика на Хасо:
– Си за сладолед? Јас ќе земам чоколаден, ти?
– Со ванила. И те молам, запиши, стари сме, забораваме.
– Какво заборавање, травиката е зад аголот.
По некое време Мујо доаѓа со два сендвичи со виршла. Хасо го гледа и го прашува:
– А сенф?
– Леле, заборавив.
– Ете, а ти реков, запиши си, се заборава.
––
Фудбалскиот состав на Македонија:
Голман – даб,
Одбрана – бука, бор, врба, габер,
Среден ред – јасика, топола, елка, багрем,
Напад – бреза и јоргован.
Резерви – смрека, зеленика, јасен, боболка.
Тренер – ЌУТУК.
––
Му се јавуваат на Трпе од основното училиште на телефон:
– Господине, син ви кажува многу лаги.
– Епа, кажете му дека е многу добар зошто јас немам деца.
Лейди Гергана
У мола
Септември – Деса Поетеса