Македонски вицове 57

27 февруари 2012

Македонски вицовеТрпе и Трпана се шетаат во центарот на градот и проаѓаат покрај еден ресторан.
– Ау Трпе, колку убаво мириса овде.
А Трпе џентлменски и враќа:
– Сакаш да пројдеме уште еднаш?

––
Трпе и Трпана одат на состанок и Трпана му вика на Трпе:
– Трпе, што ти се допаѓа најмногу кај мене, моето секси тело и преубавата фаца?
Трпе ја гледа од глава до пети и и вика:
– Твојот смисол за хумор.

––
Бик го брка Трпе околу куќа. Трпана од прозор го гледа и му вика:
– Не трчај Трпе, ќе добиеш инфаркт!
– Ма подобро инфаркт, отколку теле.

––
Русин гледа временска прогноза и кажуваат дека во Сибир е -55°C. Нормално не верува на веститите и вика:
– Е баш сега ќе се јавам на брат ми што живее таму.
Го зема телефонот и ѕвони:
– Ало брат, кажи ми колку степени е кај вас?
Братот проверува и му вика:
– Па околу -20°C е, зошто прашуваш?
– Ма ајде, на телевизија лажат, викаат -55°C дека е.
– А, па тоа може надвор, не знам…

––
Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика:
– Го сакам тоа што го јаде оној господин.
По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели:
– Жалам, не го дава.






Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)