Македонски вицове
Пациент прашува анестезиолог:
– Колку за анестезијата?
– 500 евра.
– Не е тоа многу за едно онесвестување?!
– А, не. Онесвестувањето е бесплатно. 500 евра е за да те вратам назад.
––
Тројца другари одат на кампување и легнуваат да спијат во шаторот еден до друг, наредени како сардини. Сабајлето стануваат и првиот вика:
– Леле дечки, ноќеска сонував дека некој ме работи со рака.
Третиот додава:
– И јас истото го сонував.
Тој во средина пак вика:
– Види чудо, јас пак сонував дека скијам.
––
Некој автомеханичар се вратил од работа дома порано од вообичаеното и ја начекал жена си со друг маж во кревет. Поцрвенет од лутина, го грабнал швалерот за коса, го довлечкал до гаражата и му го ставил пенисот во менгеме. Швалерот запрепастен почнал да го прашува и моли:
– Нема да ми го сечеш нели??? Кажи ми дека нема да ми го сечеш!!! ТЕ МОЛАМ НЕ МИ ГО СЕЧИ.
– Ти ќе си го исечеш сам, јас само ќе ја запалам гаражата! – одговорил мажот.
––
Трпе побарал развод со Трпана. Оди Трпе кај судијата и му вели:
– Судијо сакам да се разведам од Трпана, не можам да ја поднесам, сегде шета со мини суќна.
Оди Трпана и судијата и кажува што рекол Трпе и му вели:
– Тој не може да ме поднесе со мини суќна, а јас како го трпев него со мини куре?!
––
Две плавуши седат на кафе и оговараат друга плавуша:
– Слушна ли, се удавила летото на море?
– Како?
– Паднала од кејот во водата.
– Таа нели знаеше да плива?
– Знаеше, ама некој поставил знак Забрането пливање.
Апел
Windows RG
Македонски вицове