Македонски вицове

3 февруари 2011

Трпана му вели на Трпе:
– Статистиките покажуваат дека најголем број од незгодите се случуваат во кујна!
А на тоа Трпе додава:
– Да, и јас секогаш морам да ги јадам!

––
Починала некоја мирна девојка и оди кај Господ.
– Господе, јас живеев чесно, не пушев, не пиев, не одев по мажи. Каква награда ќе ми дадеш за тоа?
Господ се замислил и наредил:
– Дајте и крилја!
– Ооо, ќе ме правиш ангел?
– Не! Гуска! – одговорил Господ.

––
На малиот Трпе му било време за да си фати женска, ама постојано си одело со Трпе и Трпана и не се делело од нив.
Еднаш отишле на плажа и Трпе му рекол на синот:
– Сине абе оди прошетај малку види ја плажата разгледај какви луѓе има, не ми седи тука од тебе човек не може да прдне, ее!
– Епа добро тато.
И отидел малиот Трпе по плажата го видел морето и се вратил и му рекол на Трпе:
– Tато јас отидов, видов, ама никој не ме погледнува, ништо!
Трпе му вика:
– Добро сине ја ќе ти кажам една финта од мое време. Ќе земеш ќе си ставиш еден компир во купаќите и ќе се прошеташ така па ќе видиш како сите ќе те приметуваат.
Го послушал Трпе и отишол. И за кратко време, пак се вратил. А на Трпе многу го печело сонцето и си ставил шешир.
– Тато ја се вратив. Сите ме гледат и приметуват ама ми се смеат.
Трпе го трга шеширот, го гледа и му вели:
– Па како нема да ти се смеат кога компирот си го ставил одпозади??


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)