Македонски вицове 76
Трпе се заљубил во ќерката на локалниот месар и отишол да ја побара за жена директно кај него.
– Здраво, ја сакам раката на вашата ќерка!
А месарот му одговорил:
– Ја сакаш цела, или да ти ја исецкам за на скара?
––
Гатачка му гледа на Цветко на дланка:
– До 40 години нема да имаш пари. И мноооогу ќе се секираш.
– А после?
– После? После ќе се навикнеш.
––
Се враќа Трпе дома и им вели на родителите:
– Слушајте, имам една добра и една лоша вест. Добрата е дека ја оставив дрогата, а лошата е дека не знам каде сум ја оставил.
––
Трпе чита весник и и вика на Трпана:
– Замисли Трпано, во весников пишува дека секогаш кога ќе вдишам и издишам, умира по еден човек!
– Нормално, кога не ги миеш забите!
––
Се расправале четворица што е најбрзо на светот.
Биологот тврди: „Најбрзо е трепкањето со окото. Се случува, а никој воопшто не забележал дека се случило.“
Физичарот пак вели: „Најбрза е светлината. Кога ќе притиснете на прекинувачот, таа стигнува до вас со брзина од 300.000km/s. Нема поголема брзина во природата.“
Филозофот тврди: „Најбрза е мислата. До неа за момент можеш да стигнеш било каде на светот.“
Селанецот не се согласил со ниту еден од нив:
– Кога веќе ве сослушав вас учените, сфатив дека најбрза работа на светот е проливот. Кога ќе те стегне, стигнува пред да трепнеш со окото, пред да запалиш светло или да помислиш било што – веќе си завршил работа!
Бобена поезия
Това, което не искаш да чуваш по време на операция
Wedding Anniversary