Македонски вицове
Трпе ја испраќа Трпана кај роднините во Германија. Авионот полетал и Трпе почнал да се моли:
– Боже, те молам земи ја, сега ти е најблиску.
––
Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
– Па зар не ти реков да го наполниш?
– Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.
––
Маж ѝ купил на својата жена дијамантски прстен за Нова Година. Негов пријател разбрал за гестот и го прашува:
– Добро, нели таа сакаше од оние спортските џипови?
– Да, сакаше. Но, ајде кажи ми каде можев да најдам лажен џип?
––
Стига честитка на некое дете:
„Дедо Мраз не постои, родителите ти ги купуваат поклоните!
Поздрав од Жулиан Асанж – ВикиЛикс.“
––
Двајца кампери се шетаат по планина кога пред нив излегува мечка и почнува да ги брка. Почнуваат да бегаат двајцата како муви без глави и во еден момент едниот од нив застанува, вади патики од ранецот и почнува да ги облекува. На другиот не му се верува што гледа па почнува да вика:
– Што правиш бе будало, зошто облакаш патики кога неможеш да ја наттрчаш мечката??
– Не морам јас мечката да ја наттрчам, доволно е да те наттрчам тебе.
Здравейте, уважаеми Барозу
Талибанка – ма кък ли не?
КАТ-аджийски