Македонски вицове 55
Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број.
– Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец?
– Шест пати.
– Добро, јас осум. Ставаме на 14.
По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна тишина Мујо му вика на Хасо:
– Да си бевме искрени, сега ќе бевме богати.
––
Малиот Трпе оди кај Трпана и и вели:
– Мамо мамо, тато се заканува дека ќе се фрли од терасата!!
Трпана смирено му одговара:
– Оди сине и кажи му на тато да не се занесува. Мама му наби рогови, а не крила!
––
После луда ноќ, дечкото ја прашува девојката:
– Ајде сега кажи ми колку си имала пред мене?
Девојката налутена молчи. После 3 саати молк, дечкото решава да прозбори:
– Па добро, извини, не требаше да поставам такво прашање, лута ли си ми?
– Доста бре, уште бројам!
––
Учителката пишува со левата рака на таблата, а малиот Трпе зачудено гледа и одеднаш:
– Учителке па вие немате влакна под левата пазува.
Учителката мирно му вели:
– Трпе, спакувај ги твоите работи и оди си дома, за денес толку.
Утредента, на часот учителката пишува со десната рака и пак Трпе гласно го прокоментирал тоа што учителката нема влакна ни под десната пазува. Тука на учителката и пука филм и му вели да си ги спакува работите и да не доаѓа на училиште цела недела. По недела дена Трпе е пак на училиште.
Во еден момент на учителката и паѓа кредата на подот, таа клекнува да ја земе, а Трпе се наведнува да види каде се отркалала кредата. Потоа веднаш станува и почнува да се пакува.
Учителката го прашува:
– Каде ти, а?
Трпе, мртов-ладен:
– За мене оваа училишна година е завршена.
Надписи в маршрутки
Ивановден
CAN YOU READ THIS???