Македонски вицове 40
Евреин доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
– Колку чини овој автомобил?
– 15000 евра – одговара продавачот.
– А колку троши?
– 10 литра на 100 километри.
– Многу скапо! А колку чини овој овде?
– 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри.
– И тој е скап, а колку чини овој?
– 2000 евра, одговара изнервирано продавачот…
– А колку троши?
На продавачот му здодеал евреинот и рекол:
– Една лажичка на 100 километри
Евреинот:
– Лажичка за супа или за кафе?
––
Мајката и вика на ќерката:
– Кога ќе излезеш со своето момче, не дозволувај на прв состанок да ти се качи, зошто ќе плаче мама.
После состанокот ќерката се враќа дома и и вика на мајка и:
– Мамо, за да не плачеш ти, јас му се качив, па сега нека плаче мајка му!
––
Во 18 часот плавуша и црвенокоса гледале вести. Давале како еден маж стои на мост и се заканува дека ќе рипне.
Плавушата се клади по 100 денари дека тој нема да рипне. Црвенокосата прифатила. По 1 минута, мажот се решил и рипнал, тогаш плавушата и ги подала парите на црвенокосата. Но таа ги одбила.
– Морам нешто да ти признаам. Јас вестиве ги гледав во 16 часот и знаев што ќе се случи. – рекла црвенокосата.
А на тоа плавушата вратила:
– Абе и јас ги гледав но немислев дека уште еднаш ќе рипне.
––
Се возел Трпе во воз, а спроти него седи еден дечко. Во еден момент дечкото го прашува колку е часот. Трпе го извадил саатот од џебот, погледнал во него и го вратил назад. После некое време дечкото го прашува:
– Извинете, зошто не сакате да ми кажете колку е часот?
– Затоа што ако ти кажам, ти мене ќе ми кажеш фала. Јас ќе ти кажам нема на што. После тоа ќе ме прашаш каде патувам. Јас ќе ти кажам дека одам во родниот град. Ти ќе ме прашаш кој ме чека таму, а јас ќе ти кажам дека имам жена и ќерка. Потоа ќе ме прашаш колку години има ќерка ми, а јас ќе ти одговорам дека има 20. Ќе ме прашаш дали е убава, а јас ќе ти одговорам потврдно. Таква убавица ретко каде можеш да видиш. После ќе сакаш да дојдеш со мене за да ја запознаеш, а јас ќе те одведам во мојот дом. Кога ќе ја видиш веднаш ќе ја запросиш, а ја ќе морам одма да те отерам у пичку материну зашто што ќе ми е зет бе што нема ни саат?! Ете затоа!
––
Драги родители,
Како очекувате децата да ве слушаат кога:
– Тарзан живее полугол.
– Пепелашка се враќа дома на полноќ.
– Пинокио лаже секогаш.
– Аладин е крал на крадците.
– Бетмен лета 320 km/h.
– Заспаната убавица е мрзлива.
– Снежана спие со 7 момчиња.
Искрено,
Децата од целиот свет.
Пача
Вицове 33
Чобан Рап