Македонски вицове 85

12 октомври 2017

Македонски вицовеТрпе и вели на Трана:
– Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!
Трпана:
– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

Плавушата се буди утрото на својот роденден и му вели на значително постариот сопруг:
– Чудно, сонував дека ми подаруваш бисерен ѓердан за мојот роденден. Што значи тоа?
Сопругот ја погледнува, се насмевнува и и вели:
– Ќе дознаеш вечерва.
Вечерта плавушата добива спакуван подарок со панделка. Нетрперливо ја отвора кутијата и вади… книга – „Соновник“.


Се враќа калуѓерка во манастирот и и вика на сестрите:
– Замислете сестри, на одење наваму во шумата ме нападна еден човек и ме силуваше.
Што да правам сега?
– Не бери гајле, само ишмукај еден лимон и се ке биде во ред.
– А како лимонот ќе помогне?
– Па ако ништо друго ќе ти ја симне насмевката од лицето.

Трпе и Трпана биле разведени.
Трпе:
– Ќерко! Денес ти е 18 роденден. Еве ти ја последната алиментација, однеси и ја на мајка ти и види каква фаца ќе направи, па дојди кажи ми.
Ќерката:
– Мамо, еве ти ги последните пари од алиментација и треба да видам каква фаца ќе направиш, па да му кажам на тато.
Трпана:
– Епа, кажи му дека он уствари и не ти е прав татко, види му ја фацата, па дојди кажи ми!

Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:
– Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.
После половина саат повторно обраќање:
– Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго… можеме да летаме и со два мотора.
Еден час подоцна, повторно пилотот:
– За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа… не грижете се, се уште имаме еден мотор.
На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:
– Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)