Македонски вицове 84
Оди млад човек во матично:
– Можe да закажам венчавка за во вторник?
– Можe бе дечко, ама сите бараат во сабота или недела, ти зошто во вторник?
– Е па за да не си го расипам викендот.
––
Кога се купува нова кола, секој има прашања.
Таткото:
– Колку троши?
Мајката:
– Дали навлаките ќе се совпаднат со костумчето?
Синот:
– Дали оди 200 км/ч?
Комшиите:
– Од каде пари за нова кола?
––
– Еј келнер, имаш шеќер?
– Да.
– Лошооо, баба ми умре од тоа.
––
Трпе му вика на Цветко:
– Горд сум на мојата девојка.
– Зошто?
– Затоа што вчера беше толку пијана што не беше во можност да ме препознае.
– Па зошто си горд поради тоа?
– Затоа што кога намислив да ја бакнам, ме оттурна и ми кажа:
– Не, стој, јас имам момче!
––
Влегува плавуша во аптека:
– Здраво, еден диазепам.
– Рецепт имате?
– Да имав рецепт сама ќе си го направев.
Кама Сутра в сервиза
Из протоколите на КАТ
Секс статистика