Македонски вицове

12 септември 2010

Некој брод почнал да тоне и капетанот им се обраќа на патниците:
– Имам за вас две вести, едната добра а другата лоша која сакате прва да ја слушнете!?
И патниците рекле:
– Ајде прво лошата.
– Епа вака лошата е дека бродот тоне, а добрата е дека сме одалечени само 4 километри до најблиското копно.
И некој од патниците рекол:
– А во која насока е копното?
Капетанот:
– Вертикално, надолу!!!

––
Што е цигара?
– Цигара е смелен тутун завиткан во хартија, каде на едната страна има огин, а на другата будала.

––
Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се позафркава, па и рекол:
– Не ти треба пеглање, само дувај во ауспухот, сама ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала:
– Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
– Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени.

––
Оди некоја плавуша кај друга плавуша и и ги забележува ноктите и ја прашува:
– Зошто ти се такви ноктите на рацете?
– Не можам да се одвикнам да ги гризам. Имаш некој совет да се одвикнам да ги гризам ноктите? – одговорила другата плавуша.
– Да одиш на јога и ќе се одвикнеш – ја зафркавала плавушата.
Другиот месец пак се сретнуваат плавушите и ја гледа едната плавуша, другава ги пораснала ноктите големи:
– Како се одвикна бе?
– Па тоа е лесно, сега ги гризам ноктите на нозете!






Коментари



Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

   


in love ;) :writing :whistling :wall :wacko :trumpet :thumbsup :thumbdown :stop :sleepy :shock :pipe :nosweat :matrix :kissing :kiss :hmm :happy :gossip :good luck :flower :flex :crying :coffee :cheers :bye :book :bomb :blush :bg :asd :ahah :-P :-D :) :(