Македонски вицове 75
Полицаец запира возило и му вели на возачот:
– Господине, ова што го возите вие не може да се нарече автомобил.
Возачот:
– Знам, затоа и немам возачка дозвола.
––
Разговараат две пријателки:
– Кажи ми те молам, дали секогаш му кажуваш на мажот ти кога доживуваш оргазам?
– Не, никако, бидејќи тој не сака да го барам на работа.
––
Професорот:
– Што се случило после смртта на Наполеон??
Ученикот:
– Погреб, професоре!
Професорот:
– Тогаш, дојди му во август на 40 дена!
––
Цветко и Трпе правеле муабет:
– Што си така изгребан по лицето?
– Ќути не прашувај, се борев за честа на една дама.
– И што се случи?
– Успеа да си ја сочува.
––
Се буди Трпана среде ноќ цела исплашена и испотена и го буди Трпе, велејќи му:
– Леле, нешто лошо сонував и целата се исплашив… Знаеш, порано кога бев мала, кога ќе имав кошмар, одев кај мајка ми и таа ме гушкаше и смируваше…
А Трпе и вели:
– Ти стварно не си нормална!! Сега во 3 ипол сабајле да те возам до кај мајка ти?
Сарми пу кратунски
Вицове 33
Бобена поезия