Македонски вицове 71
На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето:
– Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат…
––
Двајца директори разговараат:
– Како се покажа твојата секретарка?
– Ја избркав.
– Зошто? Беше многу убава.
– Еден ден влегувам во канцеларијата а таа ме пречекува со зборовите: „Имам изненадување за вас“ – и излезе. По некое време се појавија сите вработени од мојата компанија со цвеќиња, бонбони, коњаци… Скандираа: „Среќен роденден господине директоре“…
– Што има лошо во тоа?
– Па јас веќе се соблеков.
––
Трпе на суд:
– Господине Трпе, осудени сте за кражба на 2 тона железо!
– Ама не јас господине судија, децата го украдоја.
– Е како може децата да украдат 2 тона железо?
– Па деца све тије, што разбирет, го нашле, го кренале..
––
Си оделе двајца лажговци по улица и едниот му вика на другиот:
– Абе си слушнал за Атлански Океан?
– Да сум слушнал.
– Епа јас сум го препливал.
A другиот му рекол:
– А ти си слушнал за Мртво Море?
– Да.
– Епа јас го убив!
––
Цветко цел ден возел мотор и се фалел:
– Кој има ваков мотор како мене?
Утредента пак се фалел:
– Кој има ваков мотор како мене?
На еден човек му здосадило и рекол дека тој имал таков мотор а Цветко рекол:
– Eпа кажи ми како да го сопрам?
Предбрачен договор за жени
Мъдри мисли 18+
Странни имена