Македонски вицове 43

12 септември 2011

Македонски вицовеПензионерка:
– Момче, може да те замолам да станеш за да седнам?
– Да, може.
И ништо не се случува. Пензионерката повторно:
– Момче, ама ако може да те замолам да станеш.
– Да, да, се разбира дека може.
И повторно ништо. Пензионерката:
– Ама, момче, може ли да те замолам да станеш?
– Па, замолете ме веќе еднаш!

––
Плавуша отишла во некое село се видела со некој овчар како чува овци и го прашала:
– Колку години има оваа овца?
А овчарот и рекол:
– Две.
– Е како знаеш?
– Па гледам по роговите.
Плавушата се загледала и рекла:
– Види, стварно има 2 рогови.

––
Баба пред умирање му рекла на внучето:
– Сакам да ти ја оставам мојата фарма. Тоа вклучува ниви, вила, трактор, друга опрема и 22 398 750 долари.
Внукот гледајќи се себе си богат вели:
– О, бабо! Колку си добра! Јас дури и не знаев дека имаш фарма… Каде е?
Со последниот здив бабата прошепнала:
– …на Facebook.

––
Се жали преморена сопруга:
– Докторе, во последно време се повеќе губам сила.
– Колку пати неделно имаш секс?
– Три. Во понеделник, среда и петок.
– Пробај да ја прескокнеш средата, одморај малку повеќе.
– Не можам среда, докторе, тоа е единствен ден кога сум со мажот.

––
Си биле три деца и се фалеле на кој мајка му може најмногу да изеде наеднаш.
Првото дете: Мојата мајка има голтнато топче од пинг понг!
Второто дете: Тоа не е ништо, мојата има голтнато топче од тенис!
Третото дете: И тоа не е ништо, мојата мајка секоја вечер голта телевизор!
Првото и второто дете: Како бе телевизор?!
Третото дете: Па така, тато ќе си дојде од работа и ќе и каже на мама ај ма гаси телевизорот и лапај го!


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)