Македонски вицове 38
Плавуша и раскажува на својата другарка:
– Си седам дома и одеднаш некој ѕвони на вратата. Отворам, гледам еден младич. Тој ме прашува дали сопругот ми е дома. Јас одговарам дека го нема. Тогаш ме фрли на креветот и ме изработи, а потоа си замина. Уште не можам да сфатам што сакаше тој од мажот ми.
––
– Вие многу ми личите на мојот трет маж.
– Навистина? А колку пати се маживте?
– Двапати.
––
Ќерката ја прашува мајката:
– Мамо дали секоја бајка почнува со она: „ Еднаш многу одамна…“?
– Не, ќерко. Татко ти, на пример, ја започнува вака: „Душо вечерва пак имам деловен состанок…“
––
Трпе седи дома по гаќи и чита весник. Кога, ете ја Трпана, како без здив:
– Бргу, бргу облечи се, комшивката доаѓа на кафе, и не е убаво да ги гледа тие твои стари коски.
– Па добро де, нека види колку лошо ми готвиш, затоа сум ваков, кожа и коски.
А Трпана, да не остане должна:
– Тогаш соблечи ги и гаѓите, па нека се запраша зошто воопшто ти готвам!
––
Го прашале Цветко:
– Што значи тоа ако во едниот џеп имате 100 евра, а во другиот 200 евра?
– Тоа значи дека тоа не се моите панталони!
––
Плавуша прашува:
– Извинете, што значи “I don’t know”?
– Не знам!
– Чудно, кого и да прашам не знае!
Пу тъмно, пу Енювден
Любопитни факти за мъжа
Лейди Гергана