Македонски вицове 30
Си биле две плавуши и едната ја прашува другата:
– Како помина на првата брачна ноќ.
– Никако мажот цела ноќ ми збореше за Перикле и Аристотел. И ја му одговорив: Џабе збориш јас не се разбирам во фудбал.
––
Влегува жена во автобус и возачот и вели:
– Тоа е најгрдото дете на светов!
Жената изнервирана седнува на крајот од автобусот. Му кажува на еден човек што се случило а тој и вели:
– Оди ти слободно расправај се, јас ке ти го почувам мајмунчево!
––
Трпе и Трпана одат на доктор и Трпе му вика:
– Докторе, кога се сексаме со Трпана, првиот пат ми е многу ладно, а вториот пат дури и се потам.
Докторот се врти накај Трпана и ја прашува:
– Вистина ли е ова?
– Па вистина е докторе, првиот пат се сексаме во Јануари, а вториот пат во Август.
––
Во петок пред некоја автобуска станица чекаат двајца пензионери. Во тој момент доаѓа автобус и едниот пензионер го прашува другиот:
– Абе, кој број е автобусот?
– Абе што ти е гајле, влагај па ќе се вратиш со друг.
––
Малиот Трпе му вика на татка си:
– Сакам да ми купиш барабанче!
– Не може, ќе ми тропаш додека гледам телевизија и читам весници!
– Нема тато ветувам, ќе тропам додека спиеш!
Как се прави обществена телевизия
Животни, снимани докато правят любов 18+
Бисери от вестници и списания 2