Македонски вицове

16 януари 2011

Двајца наркомани седат на врвот на една зграда. Едниот се загледува надолу и вели:
– Леле, колку е високо. Од овде ако скокнеш ќе леташ пет дена надолу и на крај кога ќе стигнеш долу ќе си мртов.
Другиот замислено:
– Зошто ќе си мртов?
– Како бе зошто?! Како ќе издржиш 5 дена без храна и вода!

––
Оди Цветко во продавница и вели на продавачот:
– Дајте ми еден леб од 20!
– Извинете од денес лебот е поскапен за 3 денари.
– Добро де, тогаш дај ми вчерашен леб!!!

––
Професорот: Ученици дали постои Господ?
Учениците: Да постои!
Професорот: Може ли да го видите?
Учениците: Не!
Професорот: Може ли да го допрете?
Учениците: Не!
Професорот: Епа тогаш не постои Господ.
Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок?
Професорот: Не!
Ученикот: Можете ли да го допрете?
Професорот: Не!
Учениците: Па тогаш немате мозок!

––
Богат човек имал афера со Италијанка повеќе години. Еден ден Италијанката му кажала дека е бремена. Тој несакал да абортира, па и ветил дека секој месец ќе праќа пари за детето се до неговата 18 година. Исто така ја замолил и да се врати во Италија. И рекол да му прати писмо кога ке се роди детето, а во него да пишува Шпагети. За да може да познае. По 9 месеци дома му стасува писмо и женаму го отвара. Збунета му го дава писмото, а тој го чита на глас:
– Шпагети. Шпагети. Шпагети. Две со ќофтиња, другото без ништо.


Още смехорийки





Драсни коментарче по темата


   


:bye: 
:good: 
:negative: 
:scratch: 
:wacko: 
:yahoo: 
B-) 
:heart: 
:rose: 
:-) 
:whistle: 
:yes: 
:cry: 
:mail: 
:-( 
:unsure: 
;-)