Македонски вицове
Цветко учи да вози кола и инструкторот го проверува дали пази при менување на брзините:
– Цветко, со која одиш сега?
– Ах, што имам една медицинска сестра… не верувам дека ја знаеш!
––
Оди згодна женска на психијатар и тој и вика:
– Ајде сега соблечете се.
– Ама како да се соблечам тука, незгодно ми е од вас.
– Нема проблем, еве јас ќе го изгасам светлото, а вие соблечете се.
Се гаси светлото, поминува некое време и женската:
– Добро, се соблеков. Каде да ги ставам алиштата?
– Па, еве, можеш тука врз моите.
––
Разговараат две жени:
– Колку деца имаш?
– Едно, а ти?
– Пет.
– Ууу, па ти воопшто не си седела со скрстени нозе.
––
Воспитувачка во градинка му помага на детето да ги облече чизмите. Тоа туркало, таа влечела, но чизмите никако да легнат на ноџињата. Кога едвај успеала да му ги навлече, целата препотена, речиси се онесвестила кога малиот и рекол:
– Ама сте ми ги облекле обратно… левата на десна нога, десната на лева.
И навистина. Не било лесно повторно да му ги соблече и облече, но на крај чизмите си биле секоја на вистинската нога. Малиот тогаш викнал:
– Тоа не се моите чизми.
Воспитувачката се гризнала за јазик за да не вресне.
– Зошто не ми го кажа ова порано???!!!
И со напор повторно му ги соблекла чизмите. Тогаш малиот продолжил:
– Чизмите се од брат ми. Мама ми ги даде мене.
Воспитувачката не знаела дали да плаче или да се смее… после повторна мака, чизмите биле повторно на нозете. Тогаш таа го прашала детето:
– А, каде ти се ракавичките?
Детето одговорило:
– Па ги сокрив во чизмите!
Странни закони по света
Видове пръдни
Вицове 30