Македонски вицове 51
На ѕид во женско ВЦ пишува: Мојот маж ме следи насекаде!
Под истиот натпис: Ма нема врска, не ја следам.
—–
Две плавуши се сретнуваат на улица:
- Леле, колку си ослабела! Нова диета?
- Да, моркови, компири, цвекло.
- Ги вариш или ги печеш?
- Ги копам!
—–
Двајца студенти прават муабет:
- Ќе одиме на кафе или ќе одиме на предавање?
- Ајде ќе фрламе паричка, ако остане во воздух одиме на предавање.
—–
Ја прашуваат бабата:
- Бабо, кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените?
А бабата им одговара:
- Кога ве чеша увото и кога ќе го ставите прстот, кој ужива повеќе, прстот или увото?
—–
Си биле Мујо и Хасо и се прашувале како е во рајот. Потоа се договориле кој прв што ќе отиде да му се јави на другиот во сон. И така Хасо прв умрел и му јавил во сон на Мујо после неколку месеци:
- Кај си бе Мујо што правиш?
- Еве ништо, како е таму убаво ли е?
- Абе Мујо тука има се, абе иначе заборавив да ти кажам нешто..
- Што?
- Ме примија во Фудбалската федерација и имам изненадување за тебе.
- Добро де кажи го!
- Во среда имаме натпревар и ти браниш!