Македонски вицове 5

12 август 2010, 8:48


Си играат две девојчиња во парк, доаѓа педофил и им дава по една бонбона. Утредента, исто, задутредента исто, цел месец така. После, едната и вика на другата:
- Овој додека не легне, ќе станеме шеќераши. …

—–
Обединетите Нации распишале конкурс за најпоучна слика. Нацртал Трпе гол човек со гас-маска кој во едната рака држел кондом а во другата каранфил. Ја добил првата награда, го повикале во Њујорк и наградата лично му ја дал Бан-Ки Мун. Одржал говор во кој ја објаснил сликата:
- Еве почитувани колеги Трпе ја нацртал оваа слика која има симболика. Голиот човек ја симболизира сиромаштијата во светот а неговата гас-маска ја симболизира загаденоста на околината. Кондомот ја укажува опасноста од заразни болести а каранфилот укажува на тоа дека сеуште постои надеж за среќна иднина.
На тоа земал збор и Трпе:
- Почитувани! Сликава значи дека да имаш секс со кондом е исто како да мирисаш каранфил со гас-маска!

—–
Две плавуши полагале испит. Послем завршувањето на испитот, едната плавуша ја прашува другата:
- Еј како помина, напиша ли нешто?
- Не ништо не напишав.
- И јас ништо не напишав.
- Леле сега ако си помислат дека сме препишувале!

—–
Оди некоја плавуша кај друга плавуша и и ги забележува ноктите и ја прашува:
- Зошто ти се такви ноктите на рацете?
- Не можам да се одвикнам да ги гризам. Имаш некој совет да се одвикнам да ги гризам ноктите? – одговорила другата плавуша.
- Да одиш на јога и ќе се одвикнеш – ја зафркавала плавушата.
Другиот месец пак се сретнуваат плавушите и ја гледа едната плавуша, другава ги пораснала ноктите големи:
- Како се одвикна бе?
- Па тоа е лесно, сега ги гризам ноктите на нозете!







Драсни коментарче по темата (ако може на кирилица, благодаря за което)

in love ;) :writing :whistling :wall :wacko :trumpet :thumbsup :thumbdown :stop :sleepy :shock :pipe :nosweat :matrix :kissing :kiss :hmm :happy :gossip :good luck :flower :flex :crying :coffee :cheers :bye :book :bomb :blush :bg :asd :ahah :-P :-D :) :(